Што може да прави „Мистер УБК“ во системите, па и пред стражата на СЈО

Последнава година една од популарните ТВ сериии е американската „Мистер Робот“. Младата генерација, а особено вљубениците во ИТ технологии со интерес ја следат серијата која раскажува приказна за еден млад човек: преку ден е експерт за сајбер безбедност, а навечер хакер кој упаѓа и во најдобро чуваните компјутери во компании во САД, дури и онакви чија дејност е софтверската безбедност.

Оние кои ја следат серијата веќе ги виделе хакерските чуда кои ги изведува главниот лик. Експертите со кои НОВА разговараше велат дека она што се гледа на „Мистер Робот“ не е само ТВ спектакл, туку филмот ги илустрира реалните можности кои ги обезбедува новата технологија. Но што има заедничко „Мистер Робот“ со УБК или СЈО?

 „Па тие што гледале виделе какви чуда се прават и од позиција на хакер. А  сега замислете ги можностите кога вие не упаѓате, туку сосема опуштено си влегувате како администратор во системите, кога вие сте сопственикот, во нашиот случај, УБК, и сето тоа е на ваше располагање“, вели  ИТ експертот и доктор на науки од полето на вештачката интелигенција, Игор Трајковски за Нова.

Ако СЈО само стои до системот, а нема пасворд да влезе, тогаш е не само возможно и реалистично, туку и сосема лесно некој од надвор, од било каде, којшто добил пристап од администраторот, во случајот тоа е УБК, и тој некој може да прави што сака: да менува, да брише, да додава, а со доволно време и да се потруди да ги прикрие трагите, вака новинарски ги преведовме објаснувањата на дд-р Трајковски додека разговаравме и го прашавме дали добро сме го разбрале.

текстот во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e