Што кажа пред судот екс директорот на УБК за 27 април?

Пред три дена заврши во притвор а заедно со останатите обвинети за 27 април беше на сослушување .

Од затворот во Шутка Владимир Атанасовски екс директорот на УБК беше донесен во судница .

Тој на прашањата одговарал збунето, кратко и брзо а она што го кажа е дека првично не знаел каде бил на крвавиот четврток.

-Не се сеќавам каде точно бев непосредно пред настанот. Со работа завршив во 18,30 часот а потоа заминав на ракометен меч – кажал Атанасовски.

Добрила Кацарска е судијката која го води овој процес и токму таа не била задоволна од овој одговор па побарала екс директорт да биде остранет од судницата.

Ваботени во МВР и собраниското обезбедување, уметници и повеќемина пратеници се гонат за настаните од 27 април.

бвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e