Јас не можам да сфатам дека е можно нормален човек да е во состојба да состави така навредливи реченици, да се вон памет, мајке ми. Колку треба да си неарен, за да некому наредиш ужасија кои се просто непојмливи според нивото на омраза која се упатува сосема комотно, без срам, усул и сопирачка. Цела низа на навреди кои раснат со невиден гнасен наратив како се ближи крајот на реченицата, која триумфално ќе заврши со Предавнику, оди си од мојата татковина!
Тоа не е љубов кон земјата во која сте родени, знаете. Тоа не е израз на несогласување со туѓо мислење, став и дејствување. Тоа е само простачко, плитко и налудничаво однесување, дозволено, поттикнато и охрабрувано во сета своја монструозност од оние во кои умрел човекот. Оној човек кој има совест, срам и мерка.
Елизабета Секирарска