Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не дава одговор што да се прави сега и како да се надмине актуелната состојба во државата, која е закочена и неговите постапки се за осуда, порачува поранешната германска амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер во интервју за Дojче Веле. Таа вели дека нови избори би биле многу скап избор и не се добри за земјата.
Поранешната амбасадорка на Германија во Скопје нагласува дека опција е и да се даде шанса на опозицијата, а ако таа не успее да формира влада, тогаш нови избори би биле неизбежни.
Штајнакер вели дека дека мора да се истражат сите злоупотреби и кривични дела, а оние што се под истрага да се откажат од политичките функции додека не се расчистат работа. Таа го споменува и случајот „Смилковско Езеро“, како нешто што ја обременува и атмосферата меѓу различните етнички групи во земјата.