Шокантно: И покрај сите направени глупости, власта ќе го кандидира Диме Спасов за пратеник?!

Си пука ли ВМРО-ДПМНЕ самата во нога?

Веќе низ медиумите протекоа информации дека сакајки да ја протнат нивната вистина за случајот во кој беше инволвиран дополнителниот заменик  министер за труд и социјална политика Диме Спасов, власта истиот ќе го кандидира за пратеник.

Иако јавноста беше сведок како Спасов, во придружба на една млада девојка, со службен џип доцна навечер предизвика неколку сообраќајни несреќи за да на крај, оставајки ја девојката побегне на полицијата трчајки низ темните улички.  Два часа по настанот, криејки се “под дрво и под камен”, испраќа друго лице да се пријави дека наводно тоа управувало со возилото.

Но откако не му пројде првиот обид со лажниот возач, преку куририте се пласираше нова лага за наводно бркање на Спасов од некоја криминална група, за која потоа и од самите снимки кои ги објавија провладините медиуми се воспостави дека тоа всушност биле припадници на Алфите во цивилка.

Дополнителниот заменик министер, Диме Спасов треба да се потецира дека во јавноста односно медиумите се појави дури после неколку дена од настанот, и тоа на телевизија блиска на власта. Тоа само го потврди сомнежот кај граѓаните дека намерно бега од вистината која безуспешно сакаше да ја изврти.

Доколку власта, после овој настан го постави Спасов на листата на кандидати, според аналитичарите самата ќе си “пука во нога” и ќе влезе во голем ризик.

Народот не е глупав ниту е слеп, тој знае што точно се случило и колку и да се сака да се изврти вистината преку медиумите кои им се под контрола, тоа во овој случај едноставно е невозможно.

Спасов, велат упатените, требаше веднаш да си поднесе оставка и се извини на јавноста. Со тоа ќе покажеше висока доза на морал што ќе беше пример за идните функционери без разлика од која партија ќе доаѓаат. Тоа не се случи и затоа последиците ќе се одразат директно и врз самиот заменик министер и врз рејтингот на неговата матична партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e