Шкариќ за Фактор: Иванов прави уставен преседан и генерира уште подлабока криза

Иванов  ја злупотреби позицијата Претседател. Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов грубо го прекрши Уставот, вели за Фактор, универзитскиот професор Светомир Шкариќ.

Со тоа што не го довери мандатот на партијата која обезбедила  парламентарно мнозинство шефот на државата го минира и девалвира конституционалниот акт. Не е негово право туку обврска да го даде мандатот на претседателот на СДСМ штом  има поддршка од 67 пратеници и како мандатар да формира Влада.

Иванов прави уставен преседан  и генерира уште подлабока криза. Свесно  или не тој ја вовлекува земјата  во  хаотична и деликатна состојба.  Тој станува генератор на кризата обидувајќи се со уцени да оди  против волјата на граѓаните, а во истовреме го  маргинализира Собранието. Претседателот се грижи за унитарноста, а Законодавниот дом има надлежност за сувереност и уставноста,  објаснува проф. Светомир Шкариќ.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e