Одговори на новинарски прашања:
Медиуми: Г-дине Шилегов едно прашање во однос на имотот што го имате. Има разлика за којашто ВМРО ДПМНЕ посочи дека имате имот многу повеќе заработен за разлика од сумата којашто ја имате пријавено?
Шилегов: Креирањето на лажни вести е начин на владеење на Никола Груевски. Семејната трагедија моја којашто се случи во текот на минатата година со смртта на таткото на мојата сопруга е причина за зголемување на нашиот имот. Морбидно, надвор од минимум етика и морал ВМРО ДПМНЕ на јавноста лажно и прикажува дека во текот на изминатата година мојата сопруга и јас сме купиле стан. Тој стан е наследство. Без оглед на тоа колку се морбидни и колку се во суштина ѓаволски во нивната душа не-демохристијани им посакувам што е можно подоцна било кој од нив поединечно да се стекне на таков начин со имот. Да им се живи и здрави нивните родители. Инаку партиските слепи послушници на разлигавениот Никола Груевски повторувам на разлигавениот Никола Груевски ниту ќе го замолчат Петре Шилегов, ниту Петре Шилегов има намера да замолчи за историскиот грабеж што се случи на македонската држава. Дирекцијата за финансово контраразузнавање и перење на пари треба да одговори на јавноста во Македонија дали пратеникот Петре Шилегов е сторител на некакво кривично дело од областа којашто ја покрива за да во текот на вчерашниот ден по барање на разлигавениот Никола Груевски пушти допис до сите банки и државни институции да ги испитуваат трансакциите мои, на моето семејство, на мојата сопруга, на мојата фирма и фирмата на мојата сопруга. Тоа што они се научени дека во животите мораш да крадеш за да спечалиш не значи дека во нашата држава нема чесни граѓани коишто чесно заработуваат и печалат. Не е грев во животот човек да спечали. Меѓутоа грев е, а и кривично се одговара за грабеж. Никола Груевски, разлигавениот Груевски ќе одговара за сите криминали во оваа држава.
Медиуми: Ќе продолжите ли со разговори со ДУИ и дали разговарате со БЕСА и Алијансата на Албанците?
Шилегов: Во текот на денешниот ден немаме разговори имаме внатрепартиски консултации.
Медиуми: Какви гаранции им дадовте на ДУИ за потписите?
Шилегов: Не стана збор на таа тема, ви кажаа во текот на вчерашниот ден какви беа разговорите и претставниците на СДСМ и претставниците на ДУИ.
Медиуми: Ќе има нови средби и преговори со ДУИ?
Шилегов: Денешниот ден го користиме за внтарепартиски консултации. Во случај да има нови средби навремено ќе бидете известени.
Медиуми: Што очекувате од посетата на Хан?
Шилегов: Само да се потврди дека Р.Македонија на кредибилните избори одржани на 11 декември гласаше за промени на оваа власт и да се потврди заложбата за формирање на политичка Влада којашто ќе ги донесе потребните промени.