Изјава за медиуми
Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ 6
Тетово, 09.12.2016
“Почитувани медиуми, драги тетовчани денес е последниот ден од кампањата и сигурен сум дека имавте прилика во овој период да се запознаете со сите програми коишто беа понудени.
Но знам и добро дека добро се запознавте со Планот за живот во Македонија. Вие бевте дел од тој План. Вие го создадовте тој План. Тоа е Планот кој што ќе одговори на потребите на сите нас, на сите граѓани на Република Македонија.
Почитувани граѓани денес е последен ден од кампањата и на сите им е јасно, промени ќе има, промени мора да има.
Со Груевски и ДПМНЕ промените не се можни. Промените се можни и потребни, само
Ако ја смениме оваа ненародна и режимска власт.
Ве повикувам сите во недела заеднички, сплотени да излезете на избирачките места во најмасовен број и да го заокружите бројот 4, бидејќи бројот 4 единствено може да понуди квалитетни промени во нашите животи.
Овдека во шестка сме сите различни, но сите имаме исти проблеми. Токму заради тоа сплотено треба да излеземе на гласачките места. Сите сакаме добар, квалитетен, просперитетен живот, за нас и за нашите деца. Сакаме да ја видиме Македонија средена и развиена. Сакаме живот во Македонија! И тоа можеме да го постигнеме заедно.
Во недела ќе ја славиме победата. Во недела ќе го славиме животот. Во Недела се враќа животот во Македонија”, изјави Шилегов.