Шилегов: Веќе имаме пратеник плус, за нерегуларностите во шестка очекуваме прегласување!

Одговори на новинарски прашања,

Медиуми: Дали тоа значи дека Милошоски ќе се откаже од пратеничкото место?

Шилегов: Значи, затоа што ниту нотар, ниту пратеник се некомпатибилни, се неспоиви со било која друга функција. Очигледно е дека избрал да биде нотар, а лажел пред граѓаните дека ќе е носител на листа и пратеник.

Медиуми: Вчера поднесовте осум приговори до ДИК може да ни кажете за што точно се однесуваат, за кои избирачки места и дали се сите во шестка?

Шилегов: Сите се во шестка, се однесуваат на неправилности во гласањето, класични законски примери за поништување на гласање на избирачки места, со вишок ливчиња во избирачки кутии. Дел се во Тетово, дел се во општина Теарце и веројатно свесни дека ќе дојде до поништување на гласањето, паничните во ВМРО ДПМНЕ ја имаа таа прес конференција и слушаме дека денес наводно ќе се собираат пред Државната изборна комисија, со цел да протестираат. Зошто протестираат навистина не знаеме.

Медиуми: Што очекувате од приговорите, какви резултати?

Шилегов: Ние секогаш одиме легалистички, доколку немаше простор да има приговори немаше ниту да бидат поднесени. Автоматски резултатите кои што ги очекуваме се токму тие, гласањето на тие избирачки места каде што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе приговори да биде повторено.

Медиуми: Не ја исклучувате намерата дека може еден пратеник да добиете повеќе?

Шилегов: Ние тој пратеник секако го имаме.

Медиуми: Две од три албански партии во емисијата Клик Плус кажаа дека се за повторни избори наскоро. Каков е ставот на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата?

Шилегов: Да ги почекаме конечните резултати, овие избори сѐ уште не се завршени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e