Шилегов: Тоа што само Груевски можел да го добие Чавков, упатува дека тој стои зад насилството

Одговори на новинарски прашања,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ и пратеник,
Скопје, 29.04.2017

 

Медиуми: Како ги коментирате изјавите на Никола Груевски дека полицијата постапувала по сите стандарди и дека, цитирам, „да сакале да го убијат Зоран Заев“, тоа ќе го направеле?

Шилегов : Фактот дека Никола Груевски е единствениот којшто можел да го добие Митко Чавков во моменти кога никој во оваа држава не можеше да го добие, фактот дека тој добро опишува како може да биде извршено убиство, говори само за тоа дека токму Никола Груевски стои зад овој инцидент.

Медиуми: Господине Шилегов, од страна на Обвинителството нема никакво конкретно дејство утврдено врз основа на снимките и разговорите со приведените лица за кои информираше МВР. Дали имате впечаток дека од страна на институциите се влечат овие случаи, во делот на документирањето на одговорноста?

Шилегов : Сега за сега, срамно е поведението и на МВР, меѓутоа и на државното Јавно обвинителство како најодговорна институција во овој момент. Во секој друг случај, и Вие и јавноста се сеќава, дека сите, или голем дел од лицата инволвирани во овој акт на насилство и тероризам во Собранието на Република Македонија, ќе беа и снимани и сликани и ќе им беше одредена мерка притвор од страна на судовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e