Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во И.Е 6, и портпарол на СДСМ.
с.Брвеница, 22.11.2016
Дојдовме овде да порачаме на луѓето од Брвеница дека минималната плата ќе биде 16.000 денари на крајот на нашиот мандат. Гледате и самите, сведоци сте дека ВМРО ДПМНЕ сега излегува со концепт на минимална плата иако претходно тие предлози ги одбиваше во Собранието во Република Македонија, поднесени од наша страна, и повторно изјавуваат дека таа минимална плата ќе биде помала од онаа што Социјалдемократскиот сојуз се обврзува да ја исплаќа на граѓаните на нашата држава.
Веројатно е помала бидејќи они мислат дека парите треба да продолжат да завршуваат на контата на нивните сметки во фирмите во Лугано и во Белизе. Токму затоа сите граѓани, токму затоа и граѓаните на Брвеница порачуваат, доста е! Доста е кражби, доста е на оваа криминална власт, парите мораме да ги вратиме кај граѓаните.
Имаме во предвид за да во текот на мандатот од 4 години ги поддржуваме малите и средни претпријатија за износ од 140 милиони евра, за споредба ВМРО ДПМНЕ во досегашните буџети во 11 годишното владеење, предвидуваше 160.000 евра годишно.
Домашните субјекти можат и мораат да егзистираат, луѓето и нашите субјекти можат и мораат да ги имаат истите и поповолни бенефиции од оние кои што, Никола Груевски ги исплаќа на таканаречените странски инвеститори во ТИРЗ зоните.
Во Република Македонија мора да изградиме достоинствена држава.
Во Република Македонија мора да изградиме заедничка држава во која што нема да ги делиме луѓето.
Затоа што ние се определуваме дека секој човек е важен, сечиј живот е важен и дека заедно во Република Македонија можеме да имаме живот.