Шилегов: Обидите на Иванов да го заштити криминалот на својот ментор ќе завршат јалово

Ѓорѓе Иванов или го прекрши Уставот кога му даде мандат на Груевски, или го прекрши Уставот кога не го додели мандатот на Заев. Трето нема.

Обидите да по секоја цена го заштити криминалот на својот политички ментор и неговата “дружина” од криминалното раководство на ДПМНЕ-то, ќе завршат јалово. Впрочем, така беше и до сега.

Во секој случај, Македонија нема повеќе време да губи за него, за Груевски и за ваквото ДПМНЕ.

Во Македонија ќе победат правото, правдата, демократијата и современите цивилизациски и европски вредности.

Животот се врати во Македонија. И нема повеќе назад. Тоа никој повеќе неможе да го спречи.

Најмалку Груевски.

Уште помалку Иванов.

Фејсбук статус на Петре Шилегов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e