Шилегов: Ништо и од 450 вработувања во Свети Николе, Груевски договарал со криминалец!

Прес конференција
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Свети Николе 30.10.2016

Денеска сме во Свети Николе. Ги пратиме лажните ветувања на обвинетиот Никола Груевски.

Овде беа најавени 450 вработувања и 25 милиона инвестиции!

Наместо тоа имаме запустена метална конструкција којашто требаше да биде фабрика за печурки.

Еве погледнете:

Пред точно две години обвинетиот Груевски токму од овде, качен на скапо платена бина ги уверуваше граѓаните во своите лаги за нова инвестиција и нови вработувања!

И по кој знае кој пат фрли лопата на камен темелник и ја закопа надежта на граѓаните кои беа сурово излажани од него за вработување!

Единствените печурки кои растат овде е мувлата којашто останува зад лажните ветувања на Никола Груевски.

Очигледно е дека Никола Груевски го одбра Свети Николе за вдомување на белосветски криминалци.

Освен историскиот Субрата Рој кој овде требаше да инвестира во Свети Николе требаше да инвестира и холандскиот инвеститор обвинет како шеф на организирана криминална група во Холандија за даночна измама. И тој како и Субрата Рој заврши со запленет имот и тешки обвиненија за криминал.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ со своите криминални политики привлекоа сомнителни инвеститори. Тие не заслужуваат повеќе да ја водат нашата држава!

На 11 декември завршуваат лагите и криминалните шеми на Никола Груевски!

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e