“Офф лелеее:
Значи, ќе се обидам најсериозно можно да ги коментирам глупостите (онолку сериозно колку што може глупост да се коментира), со кои денес има обид да се спаси “ликот и делото” на Диме Спасов, од страна на пропагандистите.
Во приказната драги мои, Ви недостасуваат мнооогу податоци и со неа, неуспешно се обидувате да дефокусирате од клучните прашања:
1. Дали удрил возило (или толку бил пијан што тоа и не го осетил) ?
2. Дали побегнал од лице место ?
3. Зошто ако веќе некој го бркал, не застанал на полициското комбе ?
4. Зошто побогу, не отишол во ПС Карпош која му била попат, имајќи го во предвид неговото движење ?
5. Зошто, ако веќе некој го бркал, бегал по улички (шансите да го фатат и нападнат се далеку поголеми во тесни и темни улички), а не по Партизанска ?
6. Зошто по Партизанска не се упатил кон некоја од полициските станици накај Центар (Беко на пример) ?
7. Зошто, ако веќе некој го бркал (со оружје) избегал баш кога дошла полицијата ?
8. Дали бил пијан ?
9. Зошто неовластено возел службено возило надвор од работно време ? (Освен ако она 24/7 не се однесува и на кафани)
10. Зошто го немаше цел ден, а не отишол во првата ПС да го пријави настанот ?
11. Ако бегаш од полиција, има ли пологично, откако ќе те стасаат, да те извадат од кола, па ако треба и да ти вперат оружје (ако воопшто е вперено во случајов) затоа што си бегал од нив ?
12. Зошто побогу, приказните што му се за по дома, ги пласирате по медиуми ?
Значи, ова што се случува денес, е класичен пример како се предизвикува државна и општествена криза:
Нешто што очигледно е скандал сам по себе, наместо да повикувате на одговорност и да ја сносите истата, упорно се обидувате од сите нас, при здрав памет, разум, очи и уши, да го направите приказна со која одговорниот треба да биде жртва.
Затоа, драги мои, кризата во Македонија, не може да престане се’ додека маргиналци и криминалци, на кои им се погоди да владеат со нашава држава, не паднат од власт. Нешто, што ќе се случи на 11 декември.
Дотогаш, маргиналци и криминалци, креирајте и верувајте во Вашите приказни. Затоа што без нив, не сте ништо друго. Само маргиналци и криминалци.”
Фејсбук статус на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ