Шилегов до Јанкулоска: Мудроста е во возењето полека

Ја гледам некни Јанкуловска, се распишала статус, во кој што тврди дека не само што не била организатор на незаконското прислушкување, туку дека напротив, таа била најголемата жртва на тоа прислушкување, во невиден (најголем) облик на кршење на човековите права во современиот свет, а кој што се случи во Македонија.

И нормално, се додаваат некои странски служби и интереси.

Кога прочитав, ми текна на мојот покоен дедо. Тој своевремено (пред бајаги години) кога положив за возачка дозвола ми рече: синко, сега научи се да возиш полека. Го прашав зошто тоа ми го кажува ? Затоа што секоја будала може да вози брзо !!! – ми одговори.

Е сега, зошто ми текна на мојот покоен дедо ?

Носени на крилата на власта, Јанкуловска, Груевски и лепо друштво, веројатно свесно (можеби и несвесно) се залетаа со моќта која што ја носи таа власт. Веројатно, не и било се’ едно кога прв пат го прекршила законот. Ама пустото, заради системот во чие што креирање активно и самата учествуваше, таквото прекршување на законот, поминало без последици. И веројатно си рекла (рекле) “еј, па ова не боли”. И продолжила (продолжиле) со таквото прекршување. Затоа што во моментот “не болело”, а башка, тука била и партијата да ги штити нив “семоќните”. Па се знае кој е власт, нели ?

А била свесна. И она и остатокот од “лепо друштво”. Убаво знаеле што е добро, а што не. Впрочем, нејзини се зборовите дека се забегани и дека еден ден сите ќе завршат во затвор.

Ова пак, дава дополнителна правна тежина на целата работа. Нема да може да се “вадат” на незнаење или несакање, ниту пак на лекомисленост. Добро знеале што прават. И какви последици може да има од тоа нивно чинење. Но, нели, партијата е тука да ги штити. И продолжија. Со секој одминат ден, се’ полошо и полошо и се’ повеќе и повеќе.

За да немаат последици, одлучија дека треба да креираат систем кој што ќе им служи нив, наместо тие да му служат на системот.

Арно ама, како и се’ во животот, така и на ваквата приказна и дојде (доаѓа) крајот и ѓаволот си доаѓа по своето.

И тука не помага ниту “мантрата” дека народот ќе одлучи. Синки, ако народот одлучи на избори, нема и не може да има кривична одговорност. Правно гледано, ова е најидиотската и најдунстерската теза која што може да се застапува. На избори народот “суди” за бројот на пратеници во Собранието. За она што Јанкуловска, Груевски и “лепо друштво” го правеле, суди суд. По правило, на долгогодишни казни затвор. И тоа нема врска со избори и изборни резултати.

Едноставно, со текот на времето се загубивте, се заборавивте и забегавте или што би рекол мојот покоен дедо “секоја будала може да вози брзо”.

Мудроста е во возењето полека. Ви текнува ?

Фејсбук статус на Петре Шилегов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e