Шилегов: Груевски ги измеша сликите и реалноста во својата глава

Никола Груевски е една голема лага, која што во изминативе 11 години, со помош на пропагандата, упорно за себе креира слика која што едноставно не постои.

Слика: живеам во стан(ови) на мајка ми
Реалност: купувам плацови на Водно (оградени со ѕид де, да не се гледа од долу)

Слика: организирам протести за одбрана на црква
Реалност: го бранам дилот за Белата палата (за да излезам на тераса)

Слика: немам кола
Реалност: се возам во најскапата кола купена во историјата на Македонија

Слика: правам листи на предавници и автоматски сум “најголем” патриот
Реалност: “со оној што е асли Грк” и “со оној на А”, договарам промена на името

Слика: ве повикувам да ја браниме Македонија (како демек во опасност е)
Реалност: продолжувам да Ве делам и внесувам омраза помеѓу Вас, за да може да го одбранам украденото и да не паднам од власт

И ги измеша сликите и реалноста во својата глава. Токму затоа, истиот тој Груевски, сака граѓаните да не веруваат во тоа што го слушнаа вчера во програмата на новата влада – дека унитарноста и иднината на Македонија не се доведени во прашање, туку да продолжат да веруваат на неговите пропагандни лаги. Но, вистината нели, е како шило и таа и овојпат излегува на површина.

Паднаа сите маски, се разводнија сите слики. Никола Груевски заминува од власт. Тоа, автоматски значи и крај на делбите, поделбите, омразата.
И Македонија нема да исчезне, затоа што него ќе го немало на власт. Напротив. Токму спротивното. Ќе биде посилна од било кога. Баш заради тоа што веќе нема да е на власт. Затоа што ќе ја вратиме Македонија во нормала.

Македонија ќе ја направиме достојно место за живеење за сите нас! Без оглед на нашата етничка, верска или партиска припадност. Затоа што тоа го заслужуваме !!!!

Фејсбук статус на Петре Шилегов, пратеник во Собрание на РМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e