Шилегов: Граѓаните се свесни за победата, не поминуваат очајнички провокации!

Изјава Петре Шилегов, портпарол на СДСМ

СДСМ ќе поднесе 4 тужби до Управниот суд до крајот на денот што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6. Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите.

ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите.

Институциите мора да работат во служба на граѓаните!

Режимот е скршен. Завршено е со Груевски во политиката.

ВМРО ДПМНЕ е во опозиција. Граѓаните се свесни за својата победа и не подлегнуваат на провокациите на очајниците во заминување.

Македонија ќе добие влада што ќе работи во интересот на граѓаните.

Одговори на новинарски прашања


Медиуми: БЕСА се откажа не верува во Управниот суд, зошто сега верувате во Управниот суд дека можеби ќе ги потврди сите тужби?

Шилегов: Цело време ги провоцираме институциите да работат согасно законот, очекуваме дека Управниот суд нема да подлегне на евидентните притисоци коишто ги имаат од страна на ВМРО ДПМНЕ. Особено очекуваме дека Управниот суд од себе ќе го отфрли времето на партиска испостава на ВМРО ДПМНЕ имајќи го предвид дека дел од судиите се опфатени со истраги од Спецјалното јавно обвинителство за учество во изборна измама.

Медиуми: Дали пред Управен ќе го обжалите и последниот предмет што го разгледуваше ДИК, дали ќе го обжалите и гласањето и колку предмети ќе обжалите?

Шилегов: Кажав 4, еден од тие 4 е токму тој којшто вчера се донесе контроверзна или не се донесе воопшто одлука по тој приговор.

Медиуми: Г-дине Шилегов, од каде знаете дека Груевски е во опозиција кога Управен суд се уште не расправал, дали тоа прејудицирате судска одлука?

Шилегов: Имајќи во предвид изборниот резултат, поразот, фактот дека околу 700.000 граѓани во Република Македонија се одлучија за промени на овој начин на корумпирано и криминално владеење, и доволно говори што сакаат граѓаните. Граѓаните го кажаа своето на 11 декември.

Медиуми: Но, тоа не значи судот ќе одлучи така и дека фактите ќе говорат така, зависи што ќе напишете во тужбата?

Шилегов: Значи исходот на тужбите, бројот на пратениците или на мандатите немаат политичка врска со тоа кој ќе ја составува владата. Никола Груевски е минато во политиката. ВМРО ДПМНЕ е во опозиција. Порачуваме на ВМРО ДПМНЕ да си расчистат со криминалното раководство и периодот којшто ќе бидат во опозиција да го искористат да ги заздрават редовите во нивните партии за да расчистат со криминалното нивно раководство, бидејќи на Република Македонија и е потребна здрава полтичка сила.

Медиуми: Се гладате како нов министер за правда?

Шилегов: Не размислувам мојата животна мисија е падот на овој корумпиран режим. Лично ако ме прашувате мојата животна мисија е падот на корумпираниот режим на Никола Груевски, јас имам своја професија, своја професионална реализираност во животот. Апсолутно во политиката ниту сум присутен заради себереализација, ниту заради таков тип на мотиви. Моите мотиви се моите и нашите деца во Република Македонија. Тие луѓе и тие деца да не мора да шетаат по белиот свет, да немора ниту јас како родител ниту било кој родител во Република Македонија да ги гледа своите деца преку скајп заради криминалното владеење на врхушка од 15-тина, 20 луѓе.

Медиуми: Ако дојде партиска одлука за ова, влите дека ова е личен став, ако дојде партиска одлука?

Шилегов: Не сме разгледувале за Социјалдемократскиот сојуз кажувам никој од нас во оваа битка, во оваа борба со ова зло и во теолошка смисла Никола Груевски е олицетворение на ѓаволот во Република Македонија, никој од нас не влезе од лични мотиви. Ние сме влезени овдека да расчистииме со криминалците во нашата држава со цел да Република Македонија стане модерна, европска држава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e