“Реакциите на дел од раководството на ДПМНЕ-то, по завршувањрто на #Brexit, како и детските реакции по вчерашните избори за претседател на САД, на човек кој што едно време беше и министер за надворешни работи на Македонија, само потврдуваат какви волунтаристи и дунстери ја креираат и водат политиката во Македонија во последниве 10-ина години.
Непроменливоста на надворешната политика на Кралството Велика Британија во изминативе половина година по референдумот, само го потврдуваат стратешкиот пристап на сериозните држави кон едно сериозно прашање какво што е надворешна политика. Всушност и Черчил е креатор на синтагмата: Британија нема вечни пријатели, има вечен интерес.
Отука, избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, е избран од граѓаните на САД, да направи измена на внатрешни односи во нивното општество, кои ќе доведат до одржување и подобрување на благосостојбата на нивните граѓани. Поставеноста на стратешките интереси онакви какви што се, всушност гарантираат да тие односи внатре во нивното општество бидат здрави и ги овозможатат токму нивната благосостојба и нејзиното подобрување. Тоа, директно нема да има никакво влијание на односите и односот на САД со Македонија.
Затоа, детските радости на нашиве “стратези” не се ништо друго, туку обид на очајници да се фатат за сламка, односно “пуста” надеж дека ќе избегнат одговорност.
Одговорноста, пред се’ политичка, а потоа и кривична е неминовност во Вашите животи, драги мои.
А граѓаните, луѓето во Македонија ?
Е тие, токму тие, ќе бидат оние кои ќе гласаат за подобрување на нивните животи. Баш како и остатокот од светот. И ќе Ве сменат. И ќе си одговарате. Точка. Толку.
Во меѓувреме, барем не лупајте глупости по социјалните мрежи. Ни се смее светот”.
Фејсбук статус на Петре Шилегов