Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вечерва во „24Анализа“ на 24ТВ рече дека градот работи на справување со аерозагадувањето со повеќе стратегии и долгорочни планови на кои , како што велат, се сериозно посветени.
-Што направивме во овие две години за да го решиме проблемот со загадувањето во корен. Го формиравме претпријатието „Градски енергетски системи“ и сме во постапка, и се надевам до крајот на годината, да ни го одобрат барањето за лиценца од Регулаторната комисија за енергетика и ќе почнеме со вршењето дистрибуција на топлинска енергија. Имаме готова проектна документација за спојување на овие топлински острови. “ – рече Шилегов.
Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење.
Од Град Скопје денеска посочија дека загадувањето е сериозен проблем и неговото надминување е долг и мачен процес кој не се решава брзо.