Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов рече дека утре ќе се изгласаат локалните избори и обвини дека единствен остварен проект на ВМРО-ДПМНЕ бил „укради колку можеш повеќе“.
– Излезете со вашето диктаторче и градоначалникот на Гевгелија и објаснете им на граѓаните зошто тоа што го ветивте не е остварено. Некои нема да си седат така комотно како во овие клупи, ќе седат во други клупи, рече Шилегов.
Тој рече дека ќе одговараат сите за злоделата и дека СДСМ делат човечки, а ВМРО-ДПМНЕ нечовечки вредности.