Шекеринска: Ветивме дека нема да диктираме пресуди

Има реални изречени правосилни казни. Ние ветивме – нема јас или Заев или било кој од власта дека ќе ги диктира пресудите. – рече Радмила Шекеринска, вицепремиерка и министерка за одбрана во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал5.

-Мора да се носат одлуки, ослободителни или пресудителни. Ова импотентно судство кое не носи никакви одлуки не води никаде.  Јас мислам дека најголемиот дел од граѓаните како и јас сме бесни на ваквото судство. Јас не сакам да ги обвинувам судиите како фела. Немаме влијание во Судскиот совет. Тоа е место каде што ниту една извршна власт не треба да има власт. – рече Шекеринска.

Мнозинството во Судскиот совет денес се од поранешниот судскиот совет. – децидно рече Шекеринска порачувајки дека по изборите потребно е целосно свртување на курсот во судството, реизбор, ветинг…ВМРО ги бранеа Панчевски, Вангеловски…пандани на „сваровски“ судството- рече Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e