Шекеринска: Медиумите и новинарите ќе бидат исклучени од мерката полициски час

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека во моментов се работи на утврдување на начинот на кој ќе се обезбеди функционирање на медиумите и водено ефикасна контрола на институциите
Медиумите и новинарите ќе бидат исклучени од мерката полициски час, потврди денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека тоа било дискутирано и на состанокот на Кризниот штаб во Владата и с ебара начин како тоа да не се влијае на работата на медиумите и воедно институциите да ја обезбедат контролата.

„Нашата одлука беше многу јасна дека се воведува полициски час од 21 до 6 часот, а главниот штаб треба да ги дефинира исклучоците и тоа беше споменато уште вчера. Една од професиите која ќе биде ислучена ќе бидат медиумите и новинарите. Денеска треба да се дефинира како да се организира начинот да не се влијае на брзината на работата на медиумите, а тој да биде ефикасен и за институциите“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека паралелно со борбата со вирусот, се одвива и борба со дезинформации и затоа мора да постои транспарентност и отвореност, поради што не би било прифатливо во периодот на полициски час да нема ниту разговор, ниту информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e