Шекеринска: Дали во 2011г пишавте во програмата дека ќе ги амнестирате Хашките случаи?

– Кога зборуваат за гласање за нешто што наводно се криело на изборите, тие ги покажуваат своите фрустрации. На која програма во 2011-та година пишавте дека ќе ги амнестирате Хашките случаи, праша Радмила Шекеринска обраќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа кажа дека секој ден со самореплицирање, часовникот отчукува, бидејќи досега минималната плата би била 12 илјади денари, а граѓаните редовно би ги земале своите примања, без да чекаат некој да положи англиски јазик.

– Луѓето кои лесно лажат, ќе ве обвинат дека лажете. Луѓето кои крадат први викаат држете го крадецот. Блокирате нормален живот, за оној кој бега да продолжи да бега, рече Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e