Преку серија на мерки што ги презема Владата, се намалува невработеноста, се создаваат услови за отворање на нови работни места, се отвораат шанси за младите, рече Шахпанска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.
„За Оперативниот план за вработување во 2019 година обезбедени се рекордни 1,1 милијарда денари, односно највисок износ досега.
Мерките од Планот се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, но и поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи за сопствен бизнис.
Оперативниот план за 2019 година посебен акцент става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантираната минимална помош.
Со новата мерка во Оперативниот план обезбедените се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера.
Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години. Преку најразлични обуки и прекфалификации овие млади луѓе ќе можат да се вработат.
Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.
Градиме правично, фер општество кое создава шанса за сите.
Мерките од Оперативниот план за вработување даваат реални и одржливи резултати.
Во претходната, 2018 година, Оперативниот план за вработување имаше реализација од 95 отсто.“ – посочува таа.
За првпат се воведе „Гаранцијата за млади“, преку која се вработија 1.839 млади лица. Оваа мерка не прави прва држава што ја применува а се уште не е полниправна членка на ЕУ.
Преку програмата Самовработување пак, сопствен бизнис отворија 1.191 лице.
Успешните мерки, раздвижувањето на економијата и напредокот во интеграциите, придонесоа стапката на невработност да опадне на 20,8 отсто, со интенција дополнително да се намалува и веќе годинава да биде на историски минимум од под 20 отсто.
СДСМ преку Владата и парлементарното мнозинство што ги предводи продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
