Шахпаска: Власта создава ризици за ширење на ХИВ вирусот, мора да ги спречиме!

“Власта на Никола Груевски ги става под ризик граѓаните, ја зголемува можноста за ширење на ХИВ вирусот, ги загрозува животите на пациентите кои веќе се лекуваат!” – изјави Јагода Шахпаска, пратеничкa од СДСМ.

Тоа го прават со Буџетот за 2017 годинакој планираат да го донесат – со него кратат неверојатни 59 проценти од сретствата предвидени за превенција и лекување од ХИВ! Од минатогодишната сума од 65 милиони денари , на само 27 милиони денари.

Со тоа се доведуваат под ризик припадници на ризични групи, над 15.000 граѓани на кои ќе им бидат ускратени бесплатни средства за превенција и брзи тестови за рано откривање на ХИВ!

Со овој несериозен однос на владата може да довдеде до фатални последици! Нови 860 ХИВ позитивни лица до 2030 година, како и 290 смртни случаи до 2030.

Дополнително загрижувачки е и тоа што на крајот на годинава Глобал фонд ја напушта Р.Македонија. Со тоа ќе секнат и парите за превенција на ХИВ од овој фонд.

Ние, пратениците на опозицијата затоа го поддржуваме овој протест против кратење средства од Буџетот за оваа намена и сакаме да порачаме, тоа нема да го дозволиме!

Поднесовме амандман за зголемување на средствата во Буџетот за 2017 година за програмата за превенција од ХИВ-СИДА.

После промените што ќе се случат декември ќе се случат во декември оваа година. Ќе донесеме Буџет кој ќе биде прилагоден кон граѓаните, кој ќе се грижи за здравјето на граѓаните и ќе спречи ширење на преносливи болести. – додаде Шахпаска.

11 22 33

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e