Шахпаска: Демократскиот процес ќе се одблокира

Одговори на новинарски прашања,
Медиуми: Во Собранието се откажавте од реплики и контрареплики, но се изјаснувате процедурално како ќе продолжите понатаму, кои се следните чекори за да се деблокира Собранието?

Шахпаска: Секојдневното блокирање на реформите и демократските процеси во Македонија е на штета на граѓаните. Парламентарното мнозинство сочинето од 67 пратеници, согласно Уставот, Деловникот и законите, ќе ги откочи процесите, ќе избере претседател на Собранието а потоа и нова Влада која ќе ги исполни барањата на граѓаните кои беа испорачани на демократските избори на 11 декември.

Медиуми: Како ќе го направите тоа?

Шахпаска: Согласно Деловникот, Уставот и законите, почитувајќи ја волјата на граѓаните за промени за кои се изјаснија на претходните избори.

Медиуми: Гледаме дека Деловникот многу не се почитува на седницата?

Шахпаска: Врвен интерес на институциите во Македонија е да се деблокираат демократските процеси и ние тоа ќе го почитуваме и ќе биде избран претседател на Собраниете, а потоа и новата реформска Влада.

Медиуми: А зоштто тоа не го направивте досега?

Шахпаска: Заканите со сила кои доаѓаат од лидерот на сега веќе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одат само на штета на граѓаните на Македонија. Меѓутоа, за тие закани, секој ќе сноси одговорност согласно законите во Република Македонија. Овие процеси ќе се деблокираат и ние ќе ги реализираме мерките кои беа преточени во нашата програма, програмата на новата Влада и тоа е овој документ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e