Семејството на Алибен Абдул ги моли за помош сите добронамерни граѓани. Исчезнат е веќе 20 дена.
-20 – ти ден како те нема Тато. Споделувајте!! Татко ми Алибен исчезна на 01.02.2019 Петок, последно виден околу 10 часот со количка за на пазар како го напушта домот во Маџир Маало. На сликата се гледа како е облечен (црна јакна, панталони, обувки, капа). Со секое споделување на објавата поголеми се шансите некој да го препознае! Споделете!!! Доколку имате информации: 077/602-032, 070/814-060, 077/631-120, пишува неговата ќерка.

