Семејството Мијалкови е дел од нафтениот бизнис во земјава. Тоа го потврдуваат и официјалните документи, но и состојбата на терен.
Според документацијата Јордан Мијалков, син на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е сопственик на фирмата Бест Веј Инвестмент. Оваа фирма има неколку бензински и угостителски објекти во Скопје и Гевгелија.
Една од бензиските станици што ги поседува семејството Мијалкови е лоцирана на патот помеѓу населбите Пинтија и Драчево. Сопственоста ја потврдуваат и официјалните документи од Централниот регистар, но и фискалната сметка што ни беше издадена на бензиската станица.
Фирмата Бест Веј Инвесмент, лани заработила околу 250 илајди евра. И според официјалната документација што ја поседува Телевизија 24 – имала само, еден вработен. Сега, Мијалкови бараат вработени за бензинските станици и угостителските објекти во Гегвегелија. Се нуди плата од 15 илјади денари. Наведено е дека огласот трае до утре. Се јавивме на посочениот број – но оттаму велат дека нови вработувања нема.
Но, освен бензинските станици, Мијалкови го прошируваат бизнисот. На почетокот на годинава купуваат друга фирма – која експресно добива и лиценца за Трговија на големо со нафта и нафтени деривати.
Фирмата Омо петол се наоѓа во селото Ржничино, во општима Петровец и која семејството Мијалкови ја купува во јануари годинава, а само неколку месеци претходно од Регулаторната комисија за енергетика е пкбара и издадена дозвола за трговија на големо со нафта и нафтени деривати.
Фирмата што ја купува семејството Мијалкови е основана лани во авуст. Тогашниот сопственик, само неколку дена по основањето – побарал лиценца за трговија на големо. Откако таквото барање било доставено до Регулаторната комсија за енрегитика, само еден ден подоцна информирале и дека во компанијата има промена на управителот.
По комлетирањео на документација – за две недели била издадена лиценцата. А само неколку месеци подоцна семејството Мијалкови и официјално ја купува фирмата, која поседува лиценца за трговија на големо со нафта и нафтени деривати и складишта.
Нафтениот бизнис на Мијалкови го штити фирмата за обезбедување СГС.
Извор: ТВ 24