Семејството Мијалкови со бензиски пумпи на атрактивна локација на автопатот Смоквица – Гевгелија

Речиси и да нема граѓанин на земјава кој патувал кон Грција по автопатот Неготино – Гевгелија, а да не ги забележал овие две бензински пумпи, пишува Телевизија 24. Се наоѓаат на петнаесетина километри пред грчката граница. Едната е на автопатот кон Грција, а другата во спротивен правец.

Во очи паѓа жолтото лого на кое пишува РТ Петрол. До неодамна нивни сопственик беше фирмата „Руле Турс“, но овие две бензински пумпи сега имаат нов газда – Јордан Мијалков, синот на поранешниот прв човек на тајната полиција.
Изградбата на новиот автопат Демир Капија – Смоквица ги прави уште поатрактивни. Се наоѓаат веднаш после големата клучка, која, како што е најавено, од оваа туристичка сезона ќе го поврзува новиот автопат со веќе постоечкиот. Сопственоста ја потврдуваат и официјалните документи од централниот регистар. Бензинските пумпи сега се на фирмата бест веј инвестмент од Скопје, чиј сопственик е токму Јордан Мијалков. како управител на фирмата се јавува лицето Илија Тозија.
За промената на сопственоста за телевизија 24 сведочат и извори кои сакаат анонимност, а кои се долгогодишни соработници на овие две бензински пумпи. Само што ги прашавме за нивната локација, веднаш ни посочија дека имаат нов газда, кој најверојатно ќе ги задржи сите вработени. Огласите за вработување објавени во медиумите биле наменети за луѓе кои веќе работеле тука.

И додека Македонија се соочува со тешка политичка криза, во која екс шефот на УБК Сашо Мијалков е еден од осомничените во бомбите, неговото семејство влегува во нафтениот бизнис. Нивната фирма има неколку бензински и угостителски објекти во Скопје и во близината на Гевгелија.
„Бест веј инвестмент“ лани со само еден вработен заработила околу 250 илјади евра. Освен пумпите, Мијалкови го прошириле бизнисот и со трговија на големо со нафта и нафтени деривати, за што преку фирмата „ОМО Петрол“ експресно добиле лиценца. Нафтениот бизнис на Мијалкови е под заштита на фирмата за обезбедување СГС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e