Селмани: Нека прават коалиција ВМРО, ДУИ и ДПА за да знаеме точно кого треба да казниме појако на следните избори напролет!

Дали гласањето во ДИК е навестување за старо-новата коалиција на ВМРО и ДУИ зајакната со Мендух Тачи, верниот до смрт на Сашо Милајков?
Таквата влада нема да има долг век. Власта ќе има тенко мнозинство и ќе наследи тензични односи со слободниот свет, ЕУ и САД.
Опозицијата треба да биде смирена. Победи на прво полувреме, а на второто влегува со предност. Власта во второто полувреме е многу ранлива затоа што треба да брани тесен резултат. Тој што брани тесен резултат обично прима гол во 90-та минута.
Нека прават коалиција ВМРО, ДУИ и ДПА за да знаеме точно кого треба да казниме појако на следните избори напролет! Нема дилеми повеќе кој е со власта, а кој е опозиција.
Во македонскиот блок СДСМ мора да најде сили да го обедини секој опозициски глас, а БЕСА и Алијансата, треба да го здружат опозицискиот глас кај Албанците! Е тогаш ВМРО на Груевски и ДУИ на Ахмети ќе доживеат вистински дебакл.

Фејсбук статус на Насер Селмани, претседател на здружението на новинари на Р.Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e