Села: Доколку Заев има 59 мандати тогаш може да се преговара и со нив

Никој нема да направи Влада без да ја прифати платформата на албанците и без закон за СЈО, рече Зијадин Села од Алијансата на албанците.

 

На прашање дали тие би коалицирале со СДСМ, тој рече дека 49 и 3 не прават 61, но доколку заев има 59 мандати тогаш веќе ќе може да се преговара и со нив.

Зијадин Села рече дека новата Влада ќе мора да направи промени во Уставот, албанскиот јазик да биде официјален јазик исто како македонскиот и СЈО да биде уставна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e