СЕК предупредува да не се заплашува Богоески

Изјавите што екс-разузнувачот ги дал во Американска Комисијата за хартии од вредност беа во официјална судска постапка во САД, ова писмено му го соопштиле на Богоески од Комисијата. По неговото сведочење во Њујоршкиот суд, Али Ахмети и Муса Џафери го тужат за клевета, но денешното рочиште во Граѓанскот суд се одложи за 27. јануари, бидејќи екс-разузнувачот немал доволно време за да поднесе писмена жалба, тврдеа неговите адвокати. Богоески писмото од Американската Комисија го сподели со новинарите, во кое се вели:
„Во Соединтетите Држави, сведок што се повикува да сведочи во судска постапка не се става во опасност од парница за клевета. Американскиот правен систем признава дека едно независно судство не може да функционира ако сведоците можат да бидат заплашувани поради тоа што дале изјава. Во овој случај, не постои сомнеж дека вашата изјава беше дадена во судска постапка и заслужува соодветна заштита“, се вели во писмото испратено до Слободан Богоески од Американската Комисија за хартии од вредност.
Али Ахмети и Муса Џафери на денешното рочиште не се појавија, но не е потребно нивно присуство. Тие од Богоески бараат вкупна отштеа од 5,5 милиони денари, вели адвокатот на поранашниот шеф на тајната полиција.
„Али Ахмети бара 3 милиони денари отштета. Ова е со цел со тоа што се води една друга постапка во америчкиот суд да го амортизираат сето тоа со издејствување на тужба, односно со изнесување на пресуда која понатаму би ја користеле“, изјави Валентин Зафиров, адвокат.
Според Слободан Богоески Ахмети и Џафери сакале во ненадлежен суд да освојат одлука која би се користела во кривични постапки против нив.
„Не можете да тужите никого за навреда или за клевета за исказ даден во судска постапка, местото им е таму нека повелат да си кажат што мислат во постапките коишто се водат против нив, а не во Граѓанскиот суд за навреда и клевета, ја погрешиле адресата, ама точно кажа адвокатот дека веројатно си прават калкулации во врска со изборите“, вели екс-разузнувачот Слободан Богоески.
Поранешниот шеф на тајната полиција Богоески во Њујоршкиот суд изјави дека тројца владини функционери во 2005 и 2006 година зеле мито за продажбата на „Маѓар Телеком“ од тројца високи извршни лица. Американската комисија тврди дека меѓу македонските службеници се Али Ахмети и Муса Џафери и дека изјавите на Богоески ќе се користат за судењето закажано на 7 мај во Њујорк.
Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e