Сеир, злоба и говор на омраза на социјалните мрежи за време на пожарот во струмички Глобал

,,Арам пари“, ,,ГоспоТ(д) гледа“, ,,Божја правда“, ,,Зајче гледај“…се само некои од коментарите на социјалните мрежи под текстовите кои известуваат за големиот пожар кој доцна синоќа го зафати трговскиот центар Глобал во Струмица.

Некои струмичани на своите ФБ профили реагира за начинот на кој се однесувале дел од жителите на овој град, кои со раце во џебот или со мобилните во раце, снимале и гледале сеир или се сителе за пожарот.

Пратеникот од СДСМ, Коста Костадинов, дури мораше да ги замоли сограѓаните на ФБ да останат на страна и да не им омогнуваат на пожарникарите.

,,Апелирам граѓаните да не одат на местото каде што е пожарот!Поддршка за нашите пожарникари и полицијата.Мораме да бидеме смирени и да оставиме надлежните да си ја работат работата!“-напиша Костадинов.

Локалната телевизија ТВ канал Вис, во текот на ноќта додека траеше борбата на пожарникарите со огнената стихија, регистрираше голем број коментари на социјалните мрежи кои поттикнуваа говор на омраза.

Пожарот утрината е локализиран, но материјалната штета е огромна.

Од тоа што може да се забележи на местото на пожарот, изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Извор: Ако.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e