ОБВИНЕТИТЕ ВИДНО ВОЗНЕМИРЕНИ НЕ ЗНААТ ШТО ДА ПРАВАТ НА РОЧИШТЕТО БЕЗ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ“-информира здружението Зеленa лупа, кое ги набљудува судските процеси во надлежност на СЈО.
Почетокот на денешното рочиште за случајот ,,Титаник”, започна со многу чудна појава.
Имено, на обвинетите денеска за прв пат им беа одземени мобилните телефони, и истите ќе им бидат вратени по завршувањето на закажаното рочиште.
На оваа ПРАВИЛНА ПОСТАПКА, како што цени Зелена лупа, обвинетите бурно реагираа меѓусебно,но и до судот.
Обвинетата Гордана Јанкуловска прва реагираше со зборовите:
,, Шо е ова со телефониве…Шо ќе прајме сега”?.
На ова судијата Осман Шабани и возврати:
,,Ќе се навикнете”.
,,Од мониторингот на Зелена Лупа, често апелиравме и укажувавме токму за проблемот со мобилните телефони и можеме да кажеме дека оваа појава за овој случај е видена за прв пат,и искрено се надеваме дека ќе трае.
Обвинетите ќе мора да ја сфатат сериозноста на постапката која се води кон нив .
Во Кривичен Суд се оди за покрената кривична постапка, а не за играње игри на мобилните телефони“-велат од Зелена лупа.
Извор: АКО
