Седницата за Законот за ЈО одложена за утре во 11 часот

Иако ја отвори првата точка, за Законот за Јавно обвинителство, собранискиот спикер, Талат Џафери 135. седница на Собранието ја презакажа за утре во 11 часот, откако за дискусија по точката се пријавија повеќе од 30 пратеници.

Седницата почна со еден час задоцнување, а пратеникот Никола Мицевски, координаторот на опозоциската ВМРО-ДПМНЕ се побуни дека надвор од секоја логика е седницата за започне во 22 часот, а пратениците цел ден да чекаат во Собранието.

-Цен ден не започнува седницата за да се уценуваат пратеници. Ова што го правите сега и изминативе три години, граѓаните го гледааат и на 12 април ќе бидете казнети за сите овие непринципиелни работи. Дали оваа седница треба да почне во 22 часот, кога цел ден сме овде во Собранието? Да се малтретираат пратниците цел ден, за седницата да почне во 22 часот е надвор од секоја логика, рече Мицевски.

На ова спикерот Џафери му одговори дека Собранието не работи во логика, туку по Устав.

За збор се јави и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски кој ги „искара“ колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека не биле принципиелни и одолговлекувале до одлуката дали ќе учествуваат во работата на Собранието.

По ова Џафери ја прекина седницата со образложение дека нема да дозвоил Собранието под негово водство да се прави циркус и рече дека е потребно да се сретнат лидерите на партиите и да се договори мнозинство за донесување на Законот, а со самото тоа што има 30 пријавено говорници, според него, е показател дека нема волја истиот да се донесе.

-Цел ден ми пишувате пораки дека сте изморени и ми се жалите на Фејсбук. Да знаете дека јас не работам преку Фејсбук. Секогаш сум бил човечен, рече Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e