Сеад Рахиќ заработи 30 дневен притвор

Братот на поранешниот пратеник од СДСМ Есад Рахиќ, Сеад Рахиќ, кој во организирана криминална група продавале нелегално кокаин заедно со уште четворица заработија 30 дневен притвор.

Според МВР, Сеад Рахиќ  ја организирал продажбата на дрогата, за оваа и за претходната година, се продавале пакетчиња на кокаин за 3.000 до 4.500 евра во и надвор од Скопје. Притоа, полицијата во домот на Рахиќ пронашла и одзела една паковка прашкаста материја, 50 куршуми и возило марка „голф 5“.

Неговиот адвокат Мирослав Вујиќ за Телевизија 24 изјави дека акцијата потсетувала на најмрачните сценарија за политички прогон. Акцијата била во надлежност на јавен овбинител за организиран криминал, а осомничените се апселе со помош на специјалци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e