Сеад Кочан се крие на Косово!?

Сеад Кочан  се крие на Косово. Според извори блиски до истрагата, на кои се повикува а1он, тој е во местото Витомирица во близина на Пеќ, на Косово.

Истите извори, посочуваат дека Кочан постојано ја менува локацијата, бидејќи по него има издадено меѓународна потерница.

Наводно, за него се грижел сопственикот на фирмата за транспорт „Геро реисен“ од Нови Пазар.

Истите извори говорат дека Сеад Кочан престојува на Косово додека не биде завршено засолништето што му се подготвува во местото Сјеница, под планината Пештер на Санџак.

Според оваа информација, Кочан нема намера да се врати во Македонија каде му е одреден притвор и да се соочи со обвиненијата покренати против него, иако неговите адвокати тврдат дека е невин.

Инаку, Кривичниот совет на Апелциониот суд ја потврди мерката притвор побарана од страна на СЈО поради проценка дека постои опасност од бегство. СЈО побара притвор за Кочан кон крајот на минатиот месец, веднаш  по обелоденувањето на случајот „Труст“ во кој бизнисменот е првоосомничен.

Извор: A1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e