Бизнисменот Сеад Кочан ќе се брани од слобода, неофицијално дознава Фокус. Според информации на неделникот, одземен му е пасошот и дал гаранција од еден милион евра дека нема да ја напушти земјата и ќе биде достапен за судот.
Ваква одлука денеска донесе судијката на претходна постапка Даниела Димовска, откако Врховниот суд пред една недела го укина притворот на Кочан, осомничен во случајот „Труст“, односно ги укинаа решенијата на Кривичниот суд и на Апелација, според кои требаше да оди зад решетки во истражниот затвор „Шутка“.
Се очекува на ваквата одлука Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да поднесе жалба, по која ќе одлучува Кривичниот совет, составен од судијките Моника Бахчовановска, Љубинка Башевска и Весна Костова Спасеска.