Сеад Кочан, на кого по барање на СЈО му е одреден притвор, а кој веќе неколку недели е недостапен на органите на прогонот, И-Портал дознава дека е на “службен пат” во Турција, поточно во Истанбул.
Кочан, деновиве е виден како се шета во Истанбул, ни пренесоа наши македонци кои исто така се во посета на градот на Босфорот.
Тој е првоосомничен во отворената истражна постапка на СЈО, под името “Труст”, како одговорно лице-управител на осомниченото правно лице „Транс Мет“ ДОО Скопје, кој заедно со второ осомничениот како застапник на осомниченото правно лице СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ“ ДООЕЛ Кратово и трето осомничениот како управител на осомниченото правно лице „ВАТО“ ДОО Скопје, според СЈО свесно ги повредиле прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка и му овозможиле на конзорциумот противправна имотна корист ефектуирана во 1.060.000.000,00 денари, пари на граѓаните на Република Македонија или 17.235.772 евра.
Откако му беше потврден притворот, на Сеад Кочан му се губи секаква трага.
Неговиот адвокат тврдеше дека осомничениот е на службен пат, но на јавноста до ден денес не и ја откри точната дестинација, велејки дека тоа е ирелевантно каде е и кога ќе се врати Сеад Кочан.