Се стега обрачот околу Чавков, само тој не е сослушан за пропустите на полицијата на 27 април

Сите членови на оперативниот штаб со кој раководеше директорот Чавков се сослушани од страна на комисијата на МВР. Само тој не е сослушан“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК високи извори од МВР.

„Случајот требаше да се затвори во петокот, остана уште Чавков да даде своја верзија за непостапувањето на полицијата на 27 април, кога во Собранието упаднаа насилници кои го демолираа Собранието, а повредија и натепаа околу 100-тина пратеници, членови на собраниското обезбедување, полицајци, новинари и граѓани. Мозаикот од досегашните изјави на членовите на оперативниот штаб, но и од раководните структури на специјалните сили на МВР, веќе е склопен. Обрачот се стега околу Чавков, кој повеќе од два и пол часа оставил да траат насилствата во Собранието и да се доведат во опасност човечки животи“, велат од МВР и додаваат дека и тој ќе биде викнат да ја каже својата приказна, па дури тогаш ќе се затвори постапката.

Според она што било досега собрано како материјал од изјавите на раководството на Централните полициски сили (ЦПС), кои се по хиерархија директно под Чавков, а и на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), недејствувањето на полициските сили додека дивјаците им ги кршеа главите на пратениците кои не се од ВМРО-ДПМНЕ, било затоа што директорот и шеф на оперативниот штаб дал наредба три часа да не се дејствува во Собранието, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР запознати со текот на внатрешната истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e