Се реконструира поранешната градска болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера ја посети  Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), каде се реконструраат речиси сите одделенија, но во етапи.04012019_renoviranje_gradska_bolnica_3Министерот Филипче имаше и средба со дел од медицинскиот персонал, каде се информираше за состојбата и условите за работа во болницата, но и ги информираше вработените за сите новини, кои ги спроведува Министерството за здравство, а се од полза за медицинскиот персонал и пациентите.

04012019_renoviranje_gradska_bolnica_6

Имено, во моментов во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ комплетно се реконструира третиот кат од болницата. Станува збор за одделот за детска хирургија и пластична хирургија. Во моментот се доградува делот каде ќе се постави нов лифт, кој ќе биде поврзан со таканаречен „топол ходник“, низ кој ќе бидат транспортирани пациентите од влезот на болницата до одделенијата или операционите сали.

Во моментов се реконструира вториот кат и првиот кат, западно крило. На првиот кат се реконструира одделението за урологија, а на вториот кат одделението за дигестивна хирургија.

Клиниката во моментов има 350 вработени и во неа годишно се вршат од 3.500 до 4.000 операции. Во моментов работат сите пет операциони сали.

Болницата, засега работи во намален обем, но без прекини, а реконструкцијата-санацијата се одвива во етапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e