Се формира Влада, а не партиска прчија!

Надежите за посветла иднина се замаглуваат со порастот на неизвесноста за избор на нова влада во земјата. И не е проблемот само во брзината, туку во составот на партиите кои ќе ја формираат.

Структурата е исклучително битна, затоа што од нејзе ќе зависи поставеноста во поглед на спроведувањето на политиките кои пред се’ ќе значат подобрување на животниот стандард на населението. Уште не формирана, од новата влада  веќе се очекува да направи пресврт во неповолните трендови во развојот на земјата. И очекувањата се оправдани, бидејќи само на тој начин може да се избегне запаѓањето во должничко ропство и неизбежното опаѓање на стандардот.

Посочените опасности веќе подолг период се надвиснати над македонскиот граѓанин.  Затоа  доколку брзо не се излезе од лавиринтот, голема е веројатноста да се подготвуваме за „стегање на ременот“. Каков ќе биде развојот на настаните допрва ќе видиме, меѓутоа, јасно е како ден дека за неспорната „дијагноза“ на стопанството „лекот“ ќе биде горчлив. Но, без него болеста ќе го докрајчи организмот.

Тоа што е сигурно е дека од коалициона влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не може да се очекува  никакво подобрување на состојбите во земјата, туку пред се’ влошување.  Повеќе од извесно е дека ќе ја продолжат старата практика на владеење, која не’ доведе до криза од која уште не можеме да се извлечеме. Спасувајќи го стандардот на народот (како доказ дека ги исполнуваат изборните ветувања), прво ќе не’ турнат во должничко ропство, а потоа ќе не’ убедуваат дека народот треба да го понесе  лавовскиот дел од товарот на долгот, се разбира, со редуцирање на стандардот.

Целата колумна на д-р Крсте Шајноски за порталот Фактор прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e