Замрзнување на ЕУ средствата, прекинување на кредитирањето од Светска банка и ММФ би биле првични „меки“ санкции со кои Македонија би можела да се соочи доколку претседателот Ѓорѓе Иванов продолжи да ги игнорираа апелите од Брисел и Вашингтон кои побараа да ги почитува изборните резултати и да го довери мандатот на партијата кој има обезбедено мнозинство за формирање на Влада, брифираат дипломатски извори за Фактор.
Претседателот со поддршка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ризикуваат да ја втурнат земјата во криза со несогледливи последици и токму затоа меѓународната заедница се обидува да го разубеди Иванов да ја преиспита својата одлука. Во таа насока е доаѓањето на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Скопје, објаснуваат дипломатски извори .
„Влошувањето на политичкиот амбиент е една од причините поради кои, за жал, Брисел ќе биде принуден да корсти и евентуално дополнителни непопуларни мерки ако Иванов и по тет а тет разговорите со Туск не го даде мандат за формирање Влада. Таргет ќе бидат пред сè поединци за кои ќе се процени дека се извор на дестаблизација и уривање на демократските вредности. Покрај меѓународните санкци земјата може да се соочи и со губење на препораката за почеток на преговори со ЕУ.
Целиот текст прочитајте го на Фактор