СДСМ: За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ горивата беа со рекордно високи цени, а целата држава се гушеше од загаденост

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обиди да ја манипулира јавноста во врска со воведувањето на еколошка такса за горивата со намера да создаде страв кај граѓаните и да ја поттикне нивната недоверба во институциите.
Партијата во чие време граѓаните плаќаа гориво по рекордно високи цени, а државата се гушеше во загаденост, денес нема право да зборува ниту за цената на бензините, ниту за екологијата. – порачуваат од СДСМ.
Сега и со дополнителната еколошка такса од 3,5 денари нафтата ќе биде најевтина во регионот.
Со оваа нова мерка нема да се зголеми инфлацијата, туку ќе се зголемат буџетските приходи и еколошкиот фонд со што ќе се промовира користењето на обновливите извори на енергија.
Целта на воведувањето на еколошката такса е доследна примена на начелото „загадувачот плаќа” и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.
Борбата против загадувањето предизвикува финансиски импликации, а еколошките такси ќе бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места.
Нема паралелна реалност. Реалноста е само една, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира се што е во интерес на граѓаните и не може да се ослободи од режимската, деструктивна матрица.
Затоа граѓаните ги казнуваат на избори, затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција. – стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e