СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со злоупотреба на администрацијата за вршење притисок врз ДИК

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да врши никаков притисок врз Државната изборна комисија и ќе остави да се испочитуваат процедурите и комисијата да ја заврши работата согласно законите.

Апелираме ВМРО-ДПМНЕ да престане со злоупотреби на локалната и државна администрација, со носење на протести и контра-протести и така да врши притисок и да ги прејудицира одлуките на ДИК.

Токму оваа практика ги доведе до пораз, но за жал поразот не ги освести и продолжуваат да го прават истото.

Граѓаните да бидат внимателни и воздржани и да ја следат работата на ДИК и нејзините одлуки. – реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e