СДСМ Виница: Личните пред интересите на граѓаните – приоритет на ВМРО-ДПМНЕ Виница !

Прес конференција
Ивица Димитров, претседател на Општинската Организација на СДСМ Виница
Виница, 04.02.2017

Почитувани,

Граѓаните во општина Виница знаат дека Емил Дончев не стори ништо за да го подобри животот на виничани. Се што правеше локалната власт во изминатите години беше единствено во фнкција на задоволување на личните бизнис интереси на Дончев и неговите соработници.

Во неговиот очтет тој најмногу се фокусира надонираните кантите за отпадоци за кои општината не потроши ниту денар, исто како и закотлите за греење кои се донација од странските фондации.

Што се однесува до асфалтирање на булеварот Александар Македонски граѓаните знаат дека овде преовладува личниот интерес а тоа е станицата за технички преглед Ликеј каде еден од сопствениците е братучедот на градоначалникот Благој Стаменков кој е вработен општина Виница и е негова десна рака. Мора да се потенцира дека изградбата на нов слој на улица Брака Миладиновци и атмосферска канализација се направени со пари од кредит со што се докажувадека општината не завршила ниту еден проект завршено со свои средства.

Во сите години на раковедење со опшптина Виница, локалната власт се однесуваше исто како и централната власт во заминување. Нивното владеење ќе остане запаметено по остварувањето на бизнис зделки и лично богатење, а интересите на граѓаните беа во последен план.

Токму затоа граѓаните на Виница и на Македонија ги казнија овие погубни политики како на локалната така и на централната власт. Мнозинството граѓани одбраа промени и ставија крај на погубните политки на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои е и Емил Дончев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e