-Неодоговорно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за патишта бидејќи токму таа партија остави пустош во инфраструктурата и пропусти на автопати кои граѓаните и државата се уште го исплаќаат. – реагираат од владејачката СДСМ , посочувајќи го случајот со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, проект кој, како што велат, бил целосно погрешен и било потребно време да се исправат грешките, за да биде безбеден и сигурен за сообраќај.
Реакцијата следеше откако од опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинија дека премиерот, како што велат, свесно лажел дека трасата за автопатот Кичево – Охрид била промашена само за да го оцрни проектот на ВМРО ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека неговиот послушник Бочварски признал дека лажеле и дека трасата не е промашена, а, како што велат, Заев за три години власт не успеал да го доврши проектот, но склучил дополнителни анекси на договорот тешки стотици милиони евра.
-Лошото планирање и проектирање зборува за нестручноста на ВМРО ДПМНЕ, за што дополнително овој автопат чини околу 190 милиони евра, пари на граѓаните. Во спротивно, доколку претходно биле направени темелни истражувања на трасата и на проекот, автопатот до сега ќе беше готов и ќе не чинише помалку пари. Неспособното ВМРО –ДПМНЕ проектираше автопат без клучки за излез од него, без алтернативни патишта, со несоодветни материјали за заштита и потпора при ископ, без проект за звучни бариери, потпорни зидови, заштитна ограда и плочести пропусти на цела траса,со нестабилност на косините . Истовремено потребно беше да се направи и дислокација на далеководи, телефонски кабли, водоводни инсталации како и на индивидуални станбени и стопански објекти кои се сечат со трасата на автопатот. – велат од СДСМ.
-Заев ги излажа граѓаните пред предвремените парламентарни избори во 2016 година. Заев ги лаже граѓаните и сега. Разликата е што во 2016 граѓаните му поверуваа, а сега никој не му верува.