Прес конференција
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 07.02.2017
Почитувани граѓани,
Порачуваме дека ќе бидат преиспитани сите милионски задолжувања на општина Велес за коишто што градоначалникот Славчо Чадиев не зборуваше во неговиот таканаречен Отчет.
Градочачалникот Чадиев натовари долг на општина Велес над 3.000.000 евра!
И покрај огромното задолжување на граѓаните, општина Велес под раководство на Чадиев ја заврши 2016 година со долг од над 76.000.000 денари доспеани и неподмирени побарувања.
Околу еден милион евра се наталожените долгови на основните и средните училишта во градот.
Граѓаните го чувствуваат Отчетот на градоначалникот Чадиев кога се движат по небезбедните улици. Кога нивните деца нема каде да спортуваат и да се рекреираат. По малиот број културни и творечки манифестации во градот кој некогаш беше симбол за културни случувања. Кога го дишат загадениот воздух.
0 проценти се одвоени од парите на граѓаните во Буџетот на Велес за социјална заштита на децата!
Градоначалникот на Велес не се грижи за реалните потреби на велешани. Тој не сработи ни третина од предвиденото за Поддршка на локалниот економски развој. А едвај над третина е вложено во предвидените проекти за енергетска ефикасност.
Велес заслужува да има одгооврен градоначалник и одговорни советници кои ќе водат вистински отчетни и транспаретни политики и чиишто приоритети ќе бидат потребите и проблемите на граѓаните. По промените во централната власт, ќе се случат промени и на локално ниво во Велес и граѓаните ќе добијат совесна локална самоуправа.