СДСМ Велес: Чадиев натовари нов долг од над 3 милиони евра на општина Велес

Прес конференција
Весна Стојанова Богоевска, портпаролот на ОО СДСМ Велес
Велес, 01.03.2017

Почитувани граѓани,

Градочачалникот Славчо Чадиев натовари долг на општина Велес над 3.000.000 евра!

Општина Велес под раководство на Чадиев ја заврши 2016 година со долг од над 76.000.000 денари, односно над 1.200.000 евра доспеани и неподмирени побарувања.

2015 година заврши со над 55.000.000 денари долг од доспеани и неподмирени побарувања. Овој долг од ден на ден постојано растеше за на крајот 2016 година да финишира со над 1.200.000 евра долг, доспеани и неподмирени побарувања.

Поради неспособноста на локалната властосновните и средни училишта должат еден милион евра поради што трпат учениците. Дополнително, Општина Велес има долг од над еден милион евра или 64 милиони денари, кон ЈКП Дервен

Ваквото неодговорно трошење на парите на граѓаните мора да престане. На општина Велес итно и се потребни промени и тие наскоро ќе се случат. По промените на централно ниво, доаѓаат промени и во Велес. Општина Велес ќе добие нова одговорна локална власт која ќе работи единствено во интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e