СДСМ велат дека опозициските пратеници се против зголемувањето на минималната плата

Потпаролот и пратеник на СДСМ Kостадин Костадинов, денеска на прес конференција повторно потести дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ се против поголема минимална плата.

-Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната платa со што уште еднаш се покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. – рече Костадинов.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа во Собрание, се пријавија како присутни, а потоа ја напуштија пленарната седница на која на дневен ред беа Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите.

Додека од опозициската предку соопштение реагираат дека СДСМ, како што велат, вештачки и само на хартија ја зголемуваат минималната плата, Костадинов денеска порача дека опозицијата нуди обнова на режимот.

-Тие се против минималната плата, ВМРО ДПМНЕ е против тоа парите да завршуваат назад кај граѓаните, ВМРО-ДППМНЕ се против секоја мерка што е во интерес на граѓаните.  Работниците кои треба да земаат минимална плата, враќаат дел од парите на газдите на рака, а власта за тоа не интервенира. – вели Костадинов.

-Дека власта е лицемерна кога зборува за повисока плата е примерот со платите кои ги давала Нина Ангеловска во својата фирма „Групер“. Економијата треба вистински да тргне напред, со СДСМ тоа не е можно. – велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e